| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездата на „50 нијанси сиво“ и фронтменот на Колдплеј се во врска

По разводот со Гвинет Палтроу, Крис Мартин излегуваше со Џенифер Лоренс, а Дакота Џонсон се раздели во 2016 година со Метју Хит.

Гласините за романтична врска меѓу 28-годишната Дакота Џонсон и 40-годишниот Крис Мартин се потврдени, откако актерката и музичарот беа забележани заедно на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз. Вљубените поминаа неколку дена во главниот град на Франција, а потоа го напуштија градот, но ги избегнаа фотографите. Дакота и Крис пристигнаа на аеродромот со ист автомобил, но излегоа од него посебно за да не привлекуваат внимание.

За прв пат се навести за нивната можна поврзаност во октомври, кога и двајцата биле видени на вечера во Лос Анџелес. Во ноември, Џонсон беше забележана на концертот на Колдплеј во Аргентина. Нивните блиски роднини потврдиле за неколку американски изданија дека биле двојка.

„Со сигурност се заедно. Крис и ја испраќа на Дакота својата музика за да дознае што мисли за неа. На неговите пријатели веќе ја засакаа и гледаат дека таа го прави среќен“, изјави еден пријател на музичарот.

По разводот со Гвинет Палтроу, Крис Мартин излегуваше со Џенифер Лоренс, а Дакота Џонсон се раздели во 2016 година со Метју Хит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top