Забраната за дотур на стока од 7.30 до 18 часот ќе важи за целиот центар на градот. Според одлуката на Град Скопје донесена на вчерашната седница возилата нема да смеат да доставуваат стока по дуќаните на потегот од „Рузвелтова“ до Железничката станица, од „Илинденска“ до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“ односно од булеварот „Теодосиј Гологанов“ до Јужен булевар.
Дистрибутерите кои нема да ја почитуваат забраната за дотур на стока која ја воведе Град Скопје ќе бидат казнети до 45 евра или 150 евра. Ако комбињата истовараат стока на улица ќе бидат казнети со 45 евра, а ако се паркирани на тротоар со 150 евра.
-Ќе мора сите да се менуваме и да смениме навики ако сакаме успех во борбата. Одлука ќе стапи во сила пред Нова година, сите фирми и дистрибутивни компании навремено ќе бидат известени. По стартот контролата која се однесува на новиот режим на сообраќајот ќе ја врши Министерството за внатрешни работи, вели градоначалникот Петре Шилегов.
Град Скопје вчера донесе одлука за забрана на дотур на роба од први декември до 31 март во центарот на градот од 7.30 до 18 часот. Одлуката се носи согласно препораките на Владата за воведување итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот.
Од Градот велат дека засега мерката ќе важи само до крајот на март, како од дел од проектите за загадувањето, но во меѓувреме ќе се направат анализи да се воведе забрана за дотур на роба во текот на денот, преку цела година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


