| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава нема да биде доделена и наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“

Министерството за култура информира дека оваа година нема да биде доделена наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ поради тоа што не бил именуван нов состав на одборот за доделување на наградата.

„Министерството за култура, преку Одделението за државни награди, поведе иницијатива за именување нов состав на одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“. Со оглед на фактот дека во почетокот на август беа распишани локалните избори, а според укажувањата на Државната комисијата за спречување на корупцијата, Собранието на Република Македонија ги прекина парламентарните седници и комисиските расправи сè до завршување на изборниот период. Со тоа се пробиени законските рокови и за конкурсот, што според законот треба да трае од 1 до 31 октомври, како и за донесување одлука од страна на одборот“, соопшти Министерството.

Од таму информираат дека мандатот на претходниот одбор за доделување на оваа државна награда завршил на 9 јуни.

„Министерството за култура очекува што побргу Собранието на РМ да го спроведе изборот на членови на одборот за доделување на оваа државна награда, со што нејзиното доделување за наредната година нема да биде доведено во прашање“, велат од таму.

Државната наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ се доделува на поединци за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Годинава не беше доделена државната награда „23 Октомври“.

Годинава нема да биде доделена државната награда „23 Октомври“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top