| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски се закити со перјата на Јанкулоска: Новата ПС во Ѓорче Петров е проект на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО)

Сцена од „Монти Пајтон“ – министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски ја пуштаат во употреба новата зграда на полициската станица во Ѓорче Петров со говори полни пофалби за работата што добро ја завршиле.

Иако Спасовски, Шилегов и Николовски не се сеќаваат и изоставија да кажат, изградбата на зградата на полициската станица во Ѓорче Петров, во која ќе биде сместен и дел од Противпожарната бригада на град Скопје е проект на ВМРО-ДПМНЕ,  беше предвидена во изборната програма на изборите во 2014 година, потсети поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која на изборите во 2014 година беше носител на листата во втората изборна единица и оваа полициска станица беше токму еден од неизните проекти.


-Ова е свечен ден за МВР, градот Скопје и општината Ѓорче Петров заради тоа што денеска ја пуштаме во употреба новата зграда на полциската станица. Од исклучителна важност е да имаме добри услови за работа и наш врвен приоритет и во иднина ќе биде да вложуваме и понатаму во условите за работа и во техника и во опрема, меѓутоа да вложуваме и во човечки ресурси. МВР за овој објект од својот буџет издвои 44 милиони денари – рече Спасовски обидувајќи се да се закити со перјата на својата претходничка.

Веста е објавена на 4 март 2015 година

Новиот објект на ПС Ѓорче Петров е изработен по сите важечки стандарди и нормативи за квалитетна градба со примена на сите материјали за термичка и звучна изолација за ваков тип на објекти. Запазени се и применети сите барања за пристап за службени возила и персонал како и непречен пристап на граѓаните во институцијата вклучувајќи ги и лицата со инвалидитет, вклучително и поставувањето на лифт за инвалиди при главниот влез на објектот.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја потенцира важноста од изградбата на овој објект иако на удирањето на темелите присустввуаше неговиот претходник, Коце Трајановски. Шилегов не го спомна тоа, туку се пофали дека ги „подобруваме значително очајните услови за работа на Противпожарната бригада на град Скопје“.

-Во соработка со МВР присуствуваме на отварање на овој современ објект, во кој на 600 метри квадратни ќе биде сместен дел од Противпожарната бригада на градот Скопје. Ги подобруваме значително очајните услови за работа на Противпожарната бригада на град Скопје. Потпишавме и меморандум за соработка меѓу градот Скопје и МВР за примена на комуникацискиот систем ТЕТРА, кој ќе овозможи во иднина да имаме еден комуникациски канал поврзан со безбедносните прашања на територијата на град Скопје – рече градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски ги потенцираше придобивките од изградбата на еден ваков објект на територијата на општината и најави дека на местото на бараките на старата полициска станица ќе се направи паркинг простор.

Спасовски ја исористи пригодата да го образложи буџетот на своето министерство за следната година.

-Вакви проекти имаме уште неколку кои во догледно време ќе бидат завршени. Имаме нова полициска станица во Јегуновце, управните служби во Куманово, целосна реконструкција на полициската станица во Струга, реконструкција на железничкиот премин Богородица итн. Наша цел е да вложуваме во вакви проекти и во наредната 2018 година, а за тоа зборував кога го презентиравме буџетот на МВР – рече министерот Спасовски.

Безмалку е детинесто во 21 век Спасовски да се обидува да ја изманипулира јавноста и да ги претстави како свои проектите започнати од владата на Никола Груевски и на својата претходничка Јанкулоска пред да стане технички министер за внатрешни работи. Од друга страна, многу е несериозно министер да го образложува буџетот на неговото министерство со проект веќеизградена полициска станцица во Јегуновце.

Новата полициска станица во Јегуновце (фото)

Со овие лекомислени изјави Спасовски само отвора прашања кои допрва ќе треба да се одговорат и ги заврте очиете на јавноста која ќе очекува да поднесе извештај за што ги троши парите предвидени за МВР за 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top