Поранешниот министер за здравство, а актуелен градоначаник на Гостовар од партијата на Зијадин Села, Арбен Таравари, првпат по нашуштањето на Владата на Заев јавно ги коментира превирањата во владината коалиција и се поизвесното излегување на Алијанската на Албанците од владата.
Таравари ја коментира улогата на ДУИ во актуелната и во претходната власт, изразувајќи зачуденост како е можно од претходната влст само ВМРО-ДПМНЕ да се товари за криминал, а ДУИ да се амнестира.
„Заев ја реформира владата, го крена гласот и ги осуди „криминалните јаки“, но зачудувачки е што ДУИ, да речеме дека беше „вратоврската“ на владата на Груевски, остана недопрена! Како може една партија што го следеше Груевски во целиот негов режим да стане толку невина?!“, прашува Таравари.
Статусот на Aрбен Таравари објавен на Феусбук го пренесуваме во целст.
„Овие недели се крена прашина за Алијансата, дилема која колку е провокативна толку и искрена: да остане Алијансата во владата или не стана дилема која се чини дека се спомнува во секој разговор што се однесува на политиката.
Со право прашуваат оние Албанци кои поверуваа во реформаторот Заев и се најдоа себеси во стапицата на Груевски, кој ги третираше Aлбанците само како помошни бројки, а не како рамноправна страна, и со нетрпение реторички прашуваат оние кои не сакаат Алијансата да задира во нивната удобност во владата.
Кој е комотен во владата?
Нормално ДУИ, откако многу години не ја пушта власта, силно е зафатена за фотељите понекогаш заслужени и често пати узурпирани, на ДУИ воопшто не му е удобно да има некој кој ќе ја мониторира нивната работа вo владата. ДУИ не е навикната да има Албанци во власта кои се чувствуваат рамноправни со другите и кои сакаат да работат чесно!ДУИ ја бара старата формула, но работата е во тоа што како што изгледа и Заев дава сигнали на една стара политика под превезот на наводната политичко- емоционална реформа!
Тој одвреме навреме зборува албански – така правеше и Груевски!
Тој вели дека Aлбанците треба да бидат дел од државата – така правеше и Груевски!
Тој одлучува за Aлбанците со Mакедонците – така правеше и Груевски!
Тој ја држи ДУИ нереформирана како владин партнер – така правеше и Груевски!
Единствениот трн, единствениот есап кој не му излегува е присуството на Алијансата за Албанците во владата! Ова е нешто ново, особено за ДУИ!
Заев ја реформира владата, го крена гласот и ги осуди „криминалните јаки“, но зачудувачки е што ДУИ, да речеме дека беше „вратоврската“ на владата на Груевски, остана недопрена! Како може една партија што го следеше Груевски во целиот негов режим да стане толку невина?!
Има две алтернативи: или била марионета и не направила ништо или соработуваше со тогашната влада!
И во двата случаи тоа е криминал, бидејќи ДУИ требало да соработува со криминалот или да зема плата за џабе!
Каде се реформите во ДУИ?!
Албанците ја казнија, правдата сега мора да ја заврши својата работа, инаку 60% од Албанците кои се преставувани од Алијансата и Беса ќе се почувствуваат повторно предадени од „реформистичката“ заевистичка влада! Премиерот треба да знае дека Албанците треба да имаат свој глас, гласот што самите го одбрале, а не глас повеќе игра како што свират од македонската страна како на пример ДУИ, која зачудувачки е партијата која ги поврзува Заев и Груевски, овие двајца немаат ништо заедничко меѓу себе, освен нивната етничка припадност и ДУИ!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст