| четврток, 6 декември 2018 |

Пијан гостиварец ја тепал сопругата од која се разведува, во станица ги навредувал полицајците

Синоќа околу 23 часот, М.П. (38) од тетовското село Брвеница пријавила семејно насилство од нејзиниот сопруг Б.П. (39), со кого била во бракоразводна постапка. Според пријавата, Б.П. кој бил во алкохолизирана состојба, најпрво започнал вербална расправија со неа, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и влечејќи ја за коса.

Набргу по пријавувањето, Б.П. бил лишен од слобода и бил задржан во Полициската станица Гостивар. При приведувањето, тој ги навредувал и омаловажувал полициските службеници.

По целосно документирање на случајот против Б.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top