| четврток, 6 декември 2018 |

Работниците од ПИК Врбовец проговорија за хрватски медиуми за неисправното месо со кое работеле

Работниците одлучија да проговорат за начинот на работа на една од најпознатите месни компании во регионов од крајот на 2016 и почетокот на 2017 година.

Во фабриката стигнувало месо кое било пред истек на рокот на траење, старо и со лош квалитет, ги прерпавале датумите или препакувале готови производи во нови фолии, а во произвотството на кобасици и саламите користеле месо за кое тие тврдат дека е заразено. Ова е исповед на работниците кои за емисијата „Проверено“ на хрватската телевизија одлучиле да проговорат за начинот на работа во една од најпознатите месни компании-ПИК Врбовец, од крајот на 2016 и почетокот на 2017 година.

-Го гледаме потеклото, од која држава доаѓа и датумот и истекот на рокот на траење. Мислам дека тие тоа го купуваат од причина што знаат дека тоа месо е пред истекот на рокот и има сомнителен квалитет, бидејќи го добиваат практично за багателна цена. Овие од странските држави, тие убаво ќе си ги испразнат своите контејнери и тоа се за ПИК е добро-сведочи една од лицата кои саат да останат анонимни.

На прашањето како знаеле дека месото со кое работеле во тој период има сомнителен квалитет, односно дека е заразено, еден од работниците вели:

-Знаеме од причина што на секоја палета со такво месо е прикажана црвена ознака, ветеринарна ознака-термичка обработка. Доаѓа налог од шефот дека доаѓаат два, три тона од тоа заразено месо и тоа месо мора да се употреби.
Тоа се случувало во неколку наврати, се присетува еден од работниците:

-Тоа не се случуваше во континуитет. Тоа знаеше да се случи во неколку наврати. Ако добро се сеќавам, кон крајот на минатата година и почетокот на оваа. Ќе дојде една палета од таа сировина и треба да се потроши и потоа ќе дојдат две, три нормални, па повторно ќе дојде таа заразената, тврди работникот.

Работниците тврдат дека биле предупредувани за посебно внимание при ракување со такво месо кое по тремичка обработка станува здравствено исправно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top