Уставниот суд во четврток ќе одлучува дали исклучените домаќинства од парно греење и натаму ќе плаќаат паушал или оваа обврска повеќе нема да важи.
Министерот за економонија, Крепшник Бектеши откри дека Регулаторната комисија за енергетика подготвува нов Правилник, а токму од него ќе произлезат обврските за граѓаните кои не користат повеќе топлинска енергија, а сепак плаќаат за услугата.
-Сѐ ќе зависи од Правилникот. Тој веќе се подготвува во Регулаторната комисија за енергетика и ова прашање ќе биде опфатено со новиот Правилник, откако ќе излезе новиот закон за енергетика. Ако Уставниот суд ја укине обврската, тогаш ќе се почитува тоа, реле Бектеши.
Се претпоставува дека повеќе од 12.000 домаќинства исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија секој месец плаќаат паушал од 500 до 1.200 денари. Граѓаните револтирани против ваквата одлука со години претестираат пред Устваниот суд. Во 2009 година Уствниот суд ја укина одредбата со која на граѓаните им се наметнуваше обврска да плаќаат 50 отсто од сметката за парно.
Меѓутоа, остана обврската да плаќаат паушал, зависно од квадратурата на станот. Токму за ваквото толкување на правилниците, судот се прогласи за ненадлежен . Затоа исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба ред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст