| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс бара помош на Твитер: Ништо не му помага на моето бебе

Тенисерската ѕвезда Серена Вилијамс откако стана мајка, често бара совети од нејзините следачи на социјалните мрежи околу доење, купување играчки, а сега се обидува на своето дете да му го олесни процесот на никнување на заби.

– Ништо не помага. Срцето ми се крши. Не сум спиена и под стрес сум. Помош? Некој? – напиша Серена на Твитер.

На прашањето следат низа одговори со препораки за разни препарати за мачкање на непцата, глодалки и слично.

Тенисерката во друг твит објаснува дека пробала се што знаела од облози до хомеопатски додатоци, но дека ништо не помагало и дека никнувањето на заби на бебето бил ѓаволски тежок проблем.

Серена Вилијамс се породи на почетокот на септември. На свет ја донесе Алексис Олимпија Оханијан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top