| четврток, 6 декември 2018 |

Ученици во Дебар смрзнуваат поради долг на локалната власт

На минусни температури, учениците од втората смена во основното училиште „Братство и единство“ во Дебар беа принудени да ја следат наставата без греење, се вели во писмото на група родители.

Причина, според нив е баналниот проблем, исклучената електрична енергија поради долг кој го има локалната самоуправа на овој град кон компанијата ЕВН, пишува Плусинфо.

„Наставата се одвива без електрична енергија. Учениците од втората смена додека е уште ден одржуваат само 2 до 3 часа и после тоа си одеа дома. Овој проблем ескалираше последните два дена. Општината треба да го плати долгот со блок дотација. Поради тој долг децата мрзнеа. Бидејќи нема елементарни услови тие нема да одат на настава“ се вели во диписот на загрижените родители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top