Тетоважите одамна станаа планетарно популарен тренд. Речиси и да нема спортист кој не е тетовиран со најразлични мотиви. Првата тетоважа обично е само почеток и ретко се останува само на една.
На заминувањето кај тату мајстор не му одолеа ниту менаџерот на Црвените Ѓаволи, Жозе Мурињо кој на зглобот на левата рака има испишани имиња на својата жена и деца.
Тату уметникот кој направи зглобот на Мурињо да го красат имињата на членовите на неговото семејство откри детали поврзани за тетоважата и реакцијата на Португалецот. Имено, според неговата приказна Мурињо прво се уплашил од иглата, за на крајот сепак да ги стисне забите и да ја поднесе болката.
Португалскиот експерт во 2013 година се одлучил на таков чеко, па сопственикот на тату студиото, Скот Мекларен откри интересни детали.
-Откако неговата жена ја заврши својата тетоважа, тој се уплаши и откажа, а таа не беше среќна поради тоа, изјави Макларен за британски Сан.
После две години, Мурињо конечно стегна заби и ја направи таа тетоважа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст