Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар вечер ја организираат шестата мултимедијална манифестација „Види музика – слушни слика – добиј книга!“ во градскиот парк.
На концертот, насловен „Disco fever“, оркестарот под водство на британскиот диригент Тимоти Редмонд ќе ги изведе најголемите дискохитови од 70-тите и 80-тите години, кои моќно ќе прозвучат во нивните симфониски аранжмани.
– Изборот на музиката падна врз повеќе незаборавни музички нумери кои се добро познати на сите генерации и кои ветуваат спектакуларно музичко доживување. Спектаклот ќе го надополнат ликовните перформанси на академските сликари, браќата Емил и Тони Шулајковски, кои ќе сликаат на платна со огромни димензии: 10 на 3 метри, со повеќе големи четки, десетици литри маслени и акварелни бои, што несомнено, како и секоја година, ќе претставува вистинско ликовно празнување за вљубениците во ликовната уметност – соопшти Филхармонијата.
И оваа година посетителите ќе добијат книга, ќе бидат поделени 20.000 примероци од збирката песни „Еден ден ќе се сретнеме“ на Никола Маџиров. Се работи за избор од досега необјавени песни, како и песни од поетските збирки „Заклучени во градот“, „Некаде никаде“, „Асфалт, но небо“ и „Преместен камен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Авангардни патишта“ – концерт на Дејв Вилсон и Ричард Валитуто
-
Музика од научнофантастични филмови со Македонската филхармонија
-
Овој четврток: Врвниот тромбонист Џозеф Алези со Македонската филхармонија на симфонискиот концерт „Руска игра“
-
Бетовеновата „Деветта“ утре во Македонска филхармонија под диригентската палка на Густав Кун