Делегацијата на ЕУ во Тирана денеска го осуди насилството за време на вчерашните протести во и пред албанскиот Парламент.
– ЕУ го осудува насилството на вчерашните протести и однесувањето на пратениците на пленарната седница. Демократските процеси, било да се однесува на пленарната седница или протести, треба да се дозволи да се одвиваат на мирен начин. Албанските граѓани од нивните претставници бараат одговорност да работат во партнерство за да ги спроведат значајните реформи, кои се одлучувачки за аспирациите на Албанија за зачленување во ЕУ, стои во реакцијата на делегацијата на Европската унија.
Остра осуда за наслствата искажа и Амбасадата на САД во Тирана.
– Го подржуваме граѓанското право на мирен протест, но оштетувањето на јавниот имот, фрлањето димни бомби во Парламентот и насилството се неприфатливи. Апелираме до сите партии да покажат воздржаност и да ја поттикнуваат смиреноста. Албанскиот народ не треба да се чуди што политичарите меѓусебно војуваат. Тоа значи дека реформите во правосудството конечно се спроведуваат. Обвинителот кој одби кривично да ги гони политичарите замина. Набрзо очекуваме формирање на соодветните органи кои кривично ќе ги гонат корумпираните високи функцонери- стои во реакцијата на Амбасадата на САД.
Албанските граѓани, констатира Амбасадата, со нетрпение ја очекуваат правдата а политичарите се плашат.
Во меѓувреме албанската опозиција најави продолжување на протестите како одговор од незадоволството поради начинот на избор на привремениот јавен обвинител од страна на владејачката Социјалистичка партија на вчерашната седница на Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доаѓа Другаризација! – акција да се намали врсничкото насилство
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија