Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) купува автомобил за 2,16 милиони денари или 35.000 евра, објави порталот сакамдакажам.мк.
Според тендерот, објавен во петокот, возилото треба да има пет врати, минимум 5 места за седење, моторот да биде дизел, а работната зафатнина да биде минимум 1.950 кубни сантиметри.
Илир Хасани, директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар, вели дека патничкото возило се набавува за потребите на кабинетот на директорот на клиниката, односно за да може непречено да ја обавува директорската функција. Во услови кога Хасани е директор на клиника каде што се оперира во распаднати сали кои се ризик за пациентите, тој набавува возило од 40 илјади евра за да може да му биде удобно да патува.
„Автомобилот се набавува за директорот, поточно за мене. Оваа набавка е планирана да се реализира следната година, а претходно е одобрена од Управниот одбор на Клиниката. Во склоп на нашата Клиника, која всушност е составена од четири големи клиники, влегува и ортопедската болница за новороденчиња и деца Мајчин дом во Аеродром. Досега никако не успеав да најдам форма да ангажирам возач, кој ќе може да ме вози во мојот приватен автомобил и затоа ќе набавиме автомобил за потребите на кабинетот на директорот”, вели Хасани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст