| четврток, 6 декември 2018 |

Протест на полицајците во Сараево

Пред зградата на Федералниот парламент во Сараево денеска се оджува протест на вработени во полицијата од Сараевскиот кантон, кои не се согласуваат со предлогот за новиот закон за пензионирање, според кој нивните пензии би се пресметувале по пониска скала во однос на актуелната.

Тие вчера протестираа пред зградата на Владата, но бидејќи не беа примени од ниту еден влади претставник, три протестот го продолжија денеска пред Парламентот.

– Не можам да одговорам на прашањето дали тој закон денеска ќе биде на седница на Парламентот, колку што сум известен, нема да биде. Тоа е работа на раководството на Парламентот и на самата процедура во Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина. Мислам дека законот денеска нема да се најде на заседание на Претставничкиот дом на ПФБиХ. Што се однесува на законот, ние разговаравме и преговаравме со Синдикатот, со многу синдикати на полицијата, рече министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ Аљоша Чампара.

Полициските синдикати бараат посебен статус, што не го прифати Владата со спорниот закон. Од друга страна полицајците бараат и дополнителни гаранции.

Синдикатите инсистираат во законот да се вметне одредба, според која, начинот на пензионирање на полицајците би бил регулиран со посебен Закон за полициски службеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top