| четврток, 6 декември 2018 |

Се одржа Валоризациона конференција за програмата „Еразмус плус“

Наставници и професори, општинската администрација и активисти во граѓанскиот сектор земаа учество на Валоризационата конференција одржана во Скопје како дел од  циклусот на промотивни активности за програмата „Еразмус плус“ во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

Програмата Еразмус+ цели кон зголемување на знаењето и професионалните способности, а воедно ја подржува модернизацијата во овие области,  пропорционално на тоа нуди можности за аплицирање во различни акции достапни за студенти, ученици,младински работници, професори, наставници, како и останати лица активни во областите кои ги поддржуваат образованието, обуката, младите и спортот-посочија од на Националната агенција.

Учесниците беа охрабрени да земат директно учество во трите клучни акции наменети за учењето преку индивидуални мобилности, соработка за иновација и размена на добри практики, како и поддршка на реформата на политиките кои ги покриваат сите типови на активности. Токму, програмите се со цел учесниците да се стекнат со искуства од своите врсници и колеги од цела Европа.

Како програма, „Еразмус плус“ им нуди на заинтересираните да партиципираат во друга програмска држава за учење, работа, предавања воедно да обучуваат или развиваат професионални вештини и компетенции, но и да развиваат билатерални и мултилатерални партнерства, зависно од секторот. Програмата претставува комбинација од 7 европски образовни програми, програми за обука и млади, и за прв пат во својата структура го додава спортот.

Вкупниот буџет за ЕРАЗМУС+ изнесува 14.7 милијарди евра, зголемувајќи го претходно постоечкиот буџет за сите програми за 40%. Нуди зголемени можности за учење во странство за ученици и наставен кадар. Грантираните проекти ќе обезбедат обука за приближно 4 милиони лица и 125.000 организации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top