| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка кражба: На прилепчанец од дома му украле 65.000 евра

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во Прилеп при што одзел евра, австралиски и американски долари, швајцарски франци и фунти, во вредност од 2.160.000 денари, како и разновиден златен накит во вредност од околу 2.200.000 денари.

Крадецот синоќа во период од 19 до 22:30 часот со употреба на погоден алат влегол во куќата сопственост на М.Г. (47) во подрумот пронашол и отворил метален сеф од каде ги украл парите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top