| четврток, 6 декември 2018 |

Груевска-Маџоска: Со законот за јазици се врши сегрегација – македонскиот и албанскиот се изедначуваат

Се изделуваат две етнички заедници наспрема останите помали и се прави сегрегација на другите, се врши изедначување на македонскиот и албанскиот јазик вака проф.др. Симона Груевска Маџовска го оцени новиот закон за јазици во нејзиното гостување во емисијата Само Вистина на Канал 5 телевизија.

Според нејзе македонскиот јазик треба да биде државен јазик и како јазик на мнозинството треба да биде интегративен јазик.

– Македонија треба да биде држава на сите етнички заедници. Во рамковниот договор во точката 6 која се однесува за употребата на јазиците сите точки се внесени и исполнети во Уставот на Република Македонија. Во оваа точка стои дека е задолжително основното и средно образование на мајчин јазик, дека со посебни спогодби ќе биде отворен универзитет на алабански јазик веќе го има тоа. Ќе бидат издавани документи и исправи на јазикот кој го зборат 20 %, задолжителен толкувач, дека комуницираат со локалните институции и овие работи ги има. Сметам дека ова прашање од рамковниот договор е затворено со Уставот. Новиот закон го издига албанскиот јазик од локално ниво на државно ниво. Тоа што се потпишал тој рамковен договор е тотално имплементиран во Уставот па и надвор од него, истакна Маџовска.

Таа смета дека сите јазични заедници во Македонија ги уживаат сите права. Затоа е употребена формула од 20 % бидејќи има општини каде се збори и друг јазик освен Албанскиот. Исто така Маџовска вели дека за да нешто се тврди дека некој е оневозожен од нешто треба да се направи анализа.

– Ако одиме на тоа дека сакаме да се интегрираме да живееме заедно треба нешто да не поврзува. Со ова на никој нема да му треба македонскиот јазик. Од лично искуство имаме луѓе кои се родени овде што не знаат да го зборат македонскиот јазик. Има примери каде што младите зборат на англиски јазик меѓусебе и тоа е многу трагично.Паралелно живееме едни покрај други а тоа е особено изразено кај младите. Не треба да се постигнува тоа со декрет одозгора со казни туку треба да се направи тоа преку образованието и тоа од прво одделение а не како сега што е од четврто, рече Маџовска.

Таа потенцира дека секое знаење на секој јазик е богатство и смета дека сега не било време за ваков закон бидејќи се создаваат тензии а воедно има и други поприоритетни работи кои треба да се решат. Според неа Македонскиот јазик треба да биде државен, албанскиот јазик да биде регионален а другите јазици да бидат малцински. Потенцира дека освен добивање на политички поени нема на ниту еден начин да им го смени животот на обичните граѓани и дека веќе албанскиот јазик е насекаде низ градовите како што се Гостивар, Дебар, Скопје и дека таа нема ништо против тоа.
Seen by Билјана Бабиќ at 10:56pmSeen by Катерина Митиќ at 10:58pm

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top