| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Нема реконструкција на Владата

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во тек се разговорите за пополнување на испразнетите министерски мести и оти нема да има поголема реконструкција на Владата.

– Мислам дека собраниската агенда не дозволува какво било разгледување на нови предлози до 25 декември, така што ќе се искористат овие денови за дополнителни консултации по однос на ова прашање. Барем според тоа што до денеска е разговарано, не очекувам да има поширока реконструкција на Владата, туку начелно пополнување на испразнетите места по локалните избори, истакна Османи, одговарајќи на новинарско прашање по денешното потпишување на договорот за економска и техничка соработка со Народна Република Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top