| четврток, 6 декември 2018 |

Во Дебар и Маврово до 10 сантиметри снег

Во седум часот утрово најстудено било во Маврово со измерени -7 степени, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Во Крушево биле измерени -5, Пожаране и Ѓуриште -3, Берово и Тополчани -2, а во Дебар -1 степен.

Највисока снежна покривка има во Дебар 10 сантиметри, 9 има во Маврово, 8 во Пожаране, 6 во Крушево, 2 во Тетово и 1 во Тополчани.

Времето во Македонија е претежно облачно, во западните делови со врнежи од снег. Дува умерен ветер од северен и северозападен правец. Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно и постудено со локален слаб снег, особено во западниот дел. Ќе дува умерен северен ветер, а температурите ќе се движат од -6 до 7 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен слаб снег претпладне. Ќе дува умерен северн ветер, а максималната температура се очекува да достигне 3 степени.

Од вторник до петок под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде стабилно и многу студено, со умерен северен ветер. Во овие денови утринската температура ќе се спушта до -10 степени, а дневната ќе се движи околу нулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top