Јована Круниќ (13) по потекло од Мартинац во близина на Сремска Митровица исчезнала на 12 декември попладне и оттогаш трае потрагата по неа.
Девојчето последен пат е видено кога тргнала на тренинг, пред тоа поминала во продавница и потоа и се губи секаква трага и мобилниот и е исклучен. Според информациите на социјалните мрежи девојчето имало црни хеланки, зелен елек, црна виндјакна и розов ранец со опрема за тренинг. Исчезнатото девојче има кафени очи и коса.
Семејството ги моли сите кои имаат било каква информација за Јована да се јават во полиција или на телефонскиот број 0800/200-880.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.