| четврток, 6 декември 2018 |

На кочанчанец му го украле аудито во Скопје

На 15.12.2017 година во 12.00 часот, А.А. (26) од Кочани пријавил дека истиот ден околу 11.45 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје од страна на непознат сторител му било одземено патничко возило „Ауди А5“ со кочански регистарски ознаки, сопственост на лицето Д.А., а управувано од пријавителот.

Кога пријавителот влегол во бурекџилница го оставил отворено возилото изгаснато со клучот внатре, сторителот го искористил моментот, влегол во возилото го стартувал и незабележан од никого заминал во непознат правец.

На тој начин пријавителот е оштетен за околу 1.800.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top