| четврток, 6 декември 2018 |

Две мајки од Скопје пријавиле дека 17-годишник ги силувал нивните деца

Четириесетгодишна жена од  скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син.

Во истата полициска станица, во 21.40 часот, друга жена, четириесетиосумгодишна скопјанка, пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син.

Според пријавителите, 17-годишникот бил нивни сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна сосетка и таму ги вршел половите дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top