На ден 15.12.2017 година во 23.30 часот полицискиот службеник И.Д. полицаец во ПС ОН Битола во СВР Битола пријави дека истиот ден околу 21.45 часот на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул. „Методија Андонов Ченто“ во Битола управувајќи го сопственото ПМВ Ауди бил сопрен од полициските службеници Б.Б. и А.Ј. од ОКП при СВР Битола кои со приватно ПМВ Цитроен вршеле службени дејствија.
Откако претходно возеле позади него и му давале светлосен знак да сопре, во моментот кога на крстосницата во намерата да сврти лево бил сопрен од истите со попречување на патот.
При тоа во обид да им се легитимира на инспекторите кои лично ги познавал и се обидувал да им се претстави дека и тој е полициски службеник, инспекторот В.Б. го извлекол од неговото возило, укажувајќи му дека во моментот извршуваат службени дејствија по одредена акција истиот го оттурнал кон возилото и, според пријавеното, го удрил. Веднаш после тоа го напуштиле местото на настанот и се упатиле во непознат правец.
Полицаецот И.Д. настанот го пријавил во СВР Битола , за што приложил и медицинска документација за повредите за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на службени дејствија“, додека инспекторите В.Б. и А.Ј. во 01.30 часот во СВР Битола пријавиле кривично дело „Спречување на службено лице во вршење на службени дејстија“ за истиот настан со појаснување дека додека се упатувале кон местото каде требало да постапуваат за друг настан , истите биле најпрво попречувани да го престигнат возилото ПМВ Ауди , а потоа им бил попречен патот кај споменатата крстосница.
Откако му се легитимирале на возачот кој им соопштил дека и тој е полициски службеник, јасно му укажале дека се на службена задача и дека ги спречува во акција која е во тек.
Освен вербалната комуникација истите го негираат нападот кој го пријавил полицаецот И.Д. За настанот на ден 15.12.2017 година во 23.50 часот известен е Јавен обвинител од Битола и Одделот за внатрешна контрола,криминалистички работи и професионални стандарди Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст