Новата градска власт на чело со бизнисменот Митко Јанчев сериозно ја сфати довербата доделена од граѓаните и веќе спроведува од ветените реформи во градот. Вчера беа поставени метални столбови на тротоарот пред Комерцијална банка во Јавадарци, а подоцна беше активирана забрана од левата страна на улицата „Маршал Тито“. Во план е паркирањето да се регулира со зонско паркирање.
Ртк.мк забележува дека по десетина години на овој потег во центарот на градот ослободен е тротоарот за пешаците. Изгледа нешто се задвижува во градот, коментираат кавадарчани.
– Многу возила, а градот ни е мал, улиците тесни, едноставно нема место сите автомобили да бидат на прометните површини. Дека ќе се случува нешто е повеќе од сигурно. Деновиве беа изречени мандартни казни за непорописно паркираните возила на постоечките паркинг-простори, вели кавадарчанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст