| четврток, 6 декември 2018 |

Не е битно колку долго работите туку какви паузи правите

Луѓето чија работа вклучува повеќе часа седење пред компјутер мора да стануваат и да прошетаат од 5 до 15 минути на секој час затоа што во противно гледањето во екранот може да резултира со оштетен вид, блавоболка и болка во вратот или грбот, предупредуваат германски доктори. Истражувањето кое го спроведоа германски научници покажа дека не е толку битно колку работат вработените туку на кој начин го планираат својот ден, пренесува tportal.hr.

Се покажа дека луѓето кои внимаваат редовно да прават кратки паузи се поодморени и попродуктивни од тие кои работат повеќе ласа непрекинато. Според истражувањето, најдобро е да се работи 52 минути, па да се направи пауза од 5 до 15 минути. Вработените кои се придржуваат до ваков распоред имаат одлична фокусираност на работата – цел час можат да се посветат само на работните задачи без да проверуваат ни Facebook ни приватни мејлови.

Kога ќе почувствуваат мала слабост, а тоа најчесто е по еден час, прават мала пауза за да се оттргнат од работата. Германските научници потсетуваат дека мозокот природно функционира со нагло растење и паѓање на енергијата. Тоа вообичаено се случува на секој час – еден час расте енергијата, па потоа има пад од 5 до 10 минути.

Научниците објаснуваат и дека правењето пауза не значи да продолжите да седите пред компјутер и да се допишувате со пријателите. Во текот на паузата треба да станете, да се прошетате по просторијата или ако е возможно, да излезете надвор. Батериите можете да ги наполните во разговор со колеги, со кратка прошетка, со читање итн. Тие предупредуваат дека не треба да чекате организмот да биде толку исцрпен за целото тело да ви покаже дека ви треба пауза. Доколку правите така, предоцна е за пауз затоа што веќе сте уморни и деконцентрирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top