| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешка прв финалист на Светското првенство во ракомет за жени

Женската ракометна репрезентација на Норвешка е првиот финалст на 23. Светско првенство што се игра во Германија.

Во првото полуфинале попладнево Норвежанките ја совладаа селекцијата на Холандија со 32:23 (17:10). Победникот беше решен по 15-тина минути игра откако Норвешка имаше водство од 10:2, кое успеа да го сочува и до крајот на дуелот. Во последните 10 минути победникот имаше и 10 голови предност (30:20).
Најдобра ракометарка на дуелот и најефикасна беше Нора Мерк од Норвешка која постигна осум голови.

Тоа за селекцијата на Норвешка ќе биде седмо финале на светските првенства.

Во второто полуфинале од 20:45 часот играат Франција и Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top