| четврток, 6 декември 2018 |

Бутарис за името: Работите се зрели и би можело да се дојде до решение

Многу е важно да се заборават противречностите од минатото и земјите на Балканот да се обединат и да бидат дел од Европската Унијa, изјави за бугарската агенција БГНЕС градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

„Работите се зрели и би можело да се дојде до решение. Премиерот Зоран Заев ме информира дека за Нова Година ќе дојде во Солун, во приватен аранжман. Но, јас ќе му помогнам што и да можам“- вели Бутарис.

Прашан дали го дели оптимизмот во однос на решавањето на прашањето за спорот за името меѓу властите во Атина и Скопје, Бутарис појасни дека при неговата последна посета на Скопје и разговорите што ги имал со претставниците на власта „смета дека противречностите од минатото се минато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top