| четврток, 6 декември 2018 |

Вајнстин има одговор на обвиненијата на Селма

Актерката Селма Хајек е уште една во серија жени што го обвини холивудскиот продуцент Харви Ванјстин за сексуално вознемирување. Таа изјавила дека доживеала „кошмарско искуство“, бидејќи го одбила за време на филмот за Фрида Кало.

По повод нејзините изјави, се изјасни и самиот Вајнстин, кој ги одби обвинувањата на актерката.

„Вајнстин не вршеше притисок врз Селма да снима сцена на секс со друга актерка, тој исто така не беше присутен на снимањето”, беше напишано во објавеното соопштение.

„Како и да е, сцената беше дел од приказната, бидејќи Фрида Кало беше бисексуалка”, се додава во соопштението.

Понатаму се наведува дека продуцентот се залагал за улогата на филмот да ја добие Хајек, иако инвеститорите барале да ја игра главната улога Џенифер Лопез, која тогаш била поголема ѕвезда и била заинтересирана за ангажирање. Сепак, Вајнстин успеа да ги убеди инвеститорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top