Од 2001 година, 71 524 лица добиле бугарско државјанство во Република Македонија. Ова го изјави потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова на средба во бугарската амбасада во Скопје, објавуваат бугарските медиуми.
„Од почетокот на мандатот на претседателот Румен Радев, кој започна во јануари годинава, 1.184 Македонци добиле бугарско државјанство“, рече Јотова.
Таа во блиска иднина вети дека ќе го олесни режимот за стекнување на бугарско државјанство.
„Ви ветувам дека во најскоро време ќе се олесни процедурата за добивање на бугарско државјанство“, рече Јотова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст