| четврток, 6 декември 2018 |

Голема реконструкција во владиниот состав

Се најавува голема реконструкција во владиниот состав. Алијанса за Албанците најверојатно повеќе нема да биде дел од Владата, а министерското место за здравство ќе го земе СДСМ.

Денеска се случи и преседан со празнење на министерско место. Самка Ибраимоски – министер без ресор задолжен за имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите, го напушти министерското место и прифати да биде пратеник во Собранието. Решил министерската функција да ја смени со пратеничка, затоа што Ромите немале претставник во Парламентот. Најави турбуленции во Владиниот состав.

– Ќе има доста новини и турбуленции во местата. На мојата министерска функција исто така ќе биде Ром интелектуалец, адвокат со големо искуство, и сметам дека ќе ја продолжи мојата програма и на мојот кабинет, изјави Ибраимовски.

Ибраимовски влегува на местото на пратеникот од СДСМ Васко Ковачевски кој пак потврди дека поднел оставка на функцијата пратеник во Собранието изјави дека ќе биде прв човек на комбинатот РЕК Битола.И Стево Пендаровски ги напушта пратеничките клупи. Тој пак е избран за Национален координатор на НАТО на неговото пратеничко место ќе биде Далибор Богдановски.

Според информации на Алфа, во владиниот состав освен пополнувањето на испразнетите места ќе бидат направени и други промени. Неофицијално се спомнува дека Крешник Бектеши е можно повеќе да не биде министер за економија и дека Билент Салиу од ДУИ ќе го напушти министерството за правда. Салиу денеска присуствуваше на амандманската расправа во Собранието но не сакаше да коментира дали ќе ја напушти министерската функција, тоа било договор меѓу политичките партии коалициски партнери во Владата. Пратеникот Артан Груби денеска потврди дека разговорите за владиниот состав биле завршени меѓу премиерот Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети .

Размислувања за напуштање на министерството за евроинтеграции имало и кај Бујар Османи. Ако изборот на Драги Рашковски за генерален секретар на Владата предизвика доста бурни реакции во јавноста сега е можно промени да се случат и на неговото место.

Напуштањето на Владиниот состав пак од страна на Алијанса за Албанците се крчкаше уште во време на локалните избори. Тогаш Зијадин Села обвинуваше за нерегуларности од владините коалиционери.

Извор: ТВ Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top