| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски кажа невистини во Советот на Европа

Се повеќе е јасно дека на 24 декември 2012 година Парламентот беше злоупотребен за партиска пресметка поврзана со нереализирани партиски ветувања и фрустрации во пресрет на локалните избори во 2013 година - велат од Собранието

-Невистини и дисквалификации во врска со настаните кои претходеа и се случија на 24 декември 2012 година беа искажани во  Советот на Европа од страна на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ во бојкот, Игор Ивановски – реагираа од републичкото Собрание.

Тие велат дека жалат што се повторуваат ситуации кога се прави обид да се девалвира капацитетот на сопствена татковина да се справува со предизвиците, а борбата за власт станува главен мотив при нашето претставувањето пред најстарата европска и други организации.

sobranie guzva3

– На координацијата одржана непосредно пред седницата на 24 декември, претседателот на Собранието меѓу другото, ги информираше присутните, меѓу кои и потпретседателот Јани Макрадули и координаторот на НСДП и ЛП Горан Мисовски, дека поради настанатата специфична ситуација, спиењето на пратениците во фоајето пред Сала 1 и највените тензии, сите пратеници картичките ќе може да ги подигнат од канцеларијата на генералниот секретар на Собранието, како што било направено и во неколку други ситуации претходно! Како што е општо познато фоајето пред Сала 1 на 24 декември 2012 година беше целосно блокирано од пратениците од опозицијата, кои на пратениците од мнозинството не им дозволуваа да влезат со пленарната Сала 1 . Фоајето беше преполно со пратеници во тензична атмосфера, со новинари, фоторепортери и сниматели, при што инвентарот беше избуткан. Во такви хаотични услови и мешаница целосно се потврди проценката на претседателот на Собранието дека нема основни услови за спроведување на редовна практика за подигање на електронски картички и постоење опасност истите да бидат оштетени или изгубени. Доколку не беше направена оваа проценка и електронските картички се оштетија или се изгубија, претседателот на Собранието ќе беше обвинет зошто не презел мерки или за нешто уште полошо – стои во собраниската реакција.

sobranie guzva

Парламентот реагираи на  постојаните обвинувања дека имало некакво сценарио. Велат „т.н. целосна контрадикција од кованица: `партиско-полициски пуч`, времето постепено ја разоткрива секоја лага, па и оваа и се повеќе е јасно дека на 24 декември 2012 година Парламентот беше злоупотребен за партиска пресметка поврзана со нереализирани партиски ветувања и фрустрации во пресрет на локалните избори во 2013 година“.

Според нив се направил обид блокирањето на буџетот да се искористи како изговор за други пресметки и партиски цели. Тврдат дека од страна на претседателот на Собранието на Република Македонија биле вложени сите напори како заеднички и конструктивно да се донесе Буџетот на Република Македонија за 2013 година.

-Но, како што е познато, и покрај четирите предлога како да се одблокира носењето на Буџетот, прифатените амандмани (најмногу по број во целата досегашна парламентарна пракса), и на крајот, прифаќањето на упаднатиот, неделовнички т.н. план за штедење, преку изготвување заеднички амандман, намерата на опозицијата остана од почетокот до крајот една иста: по секоја цена да се блокира носењето на Буџетот и да се создаде блокада на парламентот како институција во целина. Во оваа прилика сакаме да посочиме на искажаните најави и закани на последната координативна средба одржана на 24 декември 2012 година кои јасно покажуваат кој со каква намера тој ден влезе во пленарната сала на Собранието на Република Македонија -додаваат тие.

Тие испратија и копија од записникот од одржаната редовна координативна средба на 24 декември 2012 година и од евидентната листа за присуство на координацијата.
zapisnik

Записник

Записник (координација)(2) 24 12 2012г  стр  3 (2)

Евидентна листа од координација 24 12 2012г

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top