| четврток, 6 декември 2018 |

Се самоуби сенаторот обвинет за сексуално вознемирување

Републиканскиот сенатор од Кентаки Ден Џонсон, обвинет за сексуално вознемирување тинејџерка, пронајден е мртов покрај својот автомобил.

Џонсон (57) е пронајден со една прострелна рана.

Вештаците потврдиле дека се работи за самоубиство.

Според официјални извори, неговото тело е пронајдено покрај автомобилот со кој пристигнал до крајот на еден мост.

Џонсон беше избран во Сенатот во 2016 година, со што по 100 години ја донесе победата на еден републикански кандидат во кентаки. Тој победи на изборите и покрај републиканските лидери кои побараа од него да се откаже од трката откако локалните медиуми известија за некои од неговите Фејсбук постови споредувајќи ги Барак и Мишел Обама со мајмуни.

Џонсон, како свештеник во една протестантска црква во Луисвил, поддржа голем број закони со врска со верската слобода и се залагаше за изучување на Библијата во јавните училишта. Но, тој од понеделникот се најде во центар на вниманието, кога Центарот за истражувачко новинарство во Кентаки објави извештај со тврдење од една жена дека Џонсон сексуално ја нападнал во подрумот на својот дом во 2013 година.

Истото тоа, жената го кажала и во полицијата, која го испитувала инцидентот, но случајот бил затворен без обвинение.

Во вторникот, Џонсон одржа прес-конференција во неговата црква. Тој рече дека наводите против него се “целосно лажни” и рекоа дека биле дел од националната стратегија за пораз на конзервативните републиканци.

Нешто пред 5 часот вчера, Џонсон објави порака на неговата Фејсбук страница, со која побара од луѓето да се грижат за неговата сопруга. Во постот тој напиша: „Пост трауматскиот стрес е болест што ќе ми го одземе животот, повеќе не можам да издржам. Таа ми го освои животот, но НЕБОТО Е МОЈОТ ДОМ“.

Овој пост потоа е отстранет.

Мајкл Сколер, кој е сопственик на Центарот за истражувачко новинарство во Кентаки, рече дека сите во организацијата се тажни поради веста.

-Нашата цел, како и секогаш, е да се обезбеди на јавноста фактички, непристрасно известување и одговорност на јавните службеници за своите активности, рече Сколер.

-Како дел од нашиот процес, многупати се обративме до претставникот Џонсон во текот на седуммесечната истрага. Тој ги одби барањата да зборува за нашите наоди, додава тој.

Обвинувањата за сексуален напад против Џонсон беа откриени како скандал за сексуално вознемирување, во кој учествувале и четворица други републикански пратеници.

Поранешниот републикански претседател на Претставничкиот дом, Џеф Хувер, поднесе оставка од неговата лидерска позиција откако призна дека постоење случај на сексуално вознемирување на член на неговиот персонал.

Тројцата други пратеници исто така се согласија на спогодба, и сите ги загубија своите претседавачки места со комитетите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top