| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на романот „Комита“ од Владимир Плавевески во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија на ул. „Обориште” 7 во Софија, денеска (14 декември) ќе биде претставена книгата „Комита“ на писателот Владимир Плавевски. Книгата, преведена од Тања Попова, е издание на книгоиздателството „Персеј“.

Романот е структуиран на пет дела и во него се отсликува амбиентот на македонската мачна реалност во почетокот на 20. век. Главниот лик, комитата Лазар, ја посветува својата животна кауза на татковината, а неговиот лик е граден врз реконструкција на вистински настани.

Владимир Плавевски (роден во 1948 год.) е романсиер, драмски писател, фотограф, режисер, доктор ОРЛ специјалист. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2000 год. Освен романот „Комита“ досега има објавено уште дванаесет книги: „Земјотрес“ ( 2017), „Јадица“ (2013), „Последниот сплавар на Вардар“ (2010), „Цена од Ново маало“ (2009), „Вистински приказни“ (2011), „Поплава“ (2006), „Ловец на самовили“ (2004), „Амкање“ (2001), „Играч на Фанта“ (1999), „Фотографија“ (1998), „Градител на боговите“ (1997), „Папарацо-феномен на денешнината“ (1997).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top