Потпретседателката на Република Бугарија Илијана Малинова-Јотова денеска е во посета на Република Македонија. Во рамки на посетата, Малинова-Јотова ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.
Во пресрет на посетата на Скопје во интервју за БГНЕС таа порача дека местото на Македонија ѝ е во НАТО и ЕУ и оти Софија се залага тоа да се случи што е можно побрзо.
– Немаме време за губење. Бугарија отсекогаш го прифаќала, го бранела и гарантирала правото на Република Македонија да стане полноправна членка и во Европската унија и во НАТО. Нашата држава беше прва што ја призна Македонија во 1992 година и сега е точно време да видиме кои се заедничките проекти кои можеме да ги направиме заедно за младите луѓе да останат во Бугарија и во Македонија, истакна Малинова-Јотова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


