| четврток, 6 декември 2018 |

Тензична расправа за законот за јазици: Членови на БЕСА удирале по собраниските клупи, барале да се вика „Закон за употреба на албанскиот јазик“

Тензична атмосфера на денешната расправа во Комисијата за европски прашања по Законот за јазици. Пратениците од БЕСА демонстрираа незадоволство откако беше одбиен нивниот амандман. Револтот го изразија со удирање по собраниските клупи, по што претседателот на Комисијата, Артан Груби од ДУИ, мораше да ја прекине седницата, јавува Фокус.

Со амандман БЕСА побараа да биде сменето името на законот, па наместо Закон за употреба на јазиците, да се нарекува Закон за употреба на албанскиот јазик.

Министерот за правда, Билент Саљији, го одби амандманот велејќи дека БЕСА манифестира лажен патриотизам.

Меѓу претаниците од БЕСА и претседателот на Комисијата настана кавга кога Груби не му даде збор на пратеникот, Фадил Зендели, да одговори за одбиениот амандман. Зендали и неговите сопартијци незадоволни удираа по собраниските клупи, додека траеше обраќањето на Груби пред присутните, а Зендали излезе на говорницата и на албански јазик го образложуваше поднесениот амандман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top