| четврток, 6 декември 2018 |

Ристиќ: МВР реагирајте, вистинскиот напаѓач е голем Ротвајлер трениран за борби

Актерката Ирена Ристиќ преку социјалните мрежи сподели информации за кучето кое нападна повеќе лица во скопски Аеродром и го повика МВР информациите да ги провери и да реагира.

Во продолжение ви го пренесуваме статусот на Ристиќ

Еве што се дозна!
МВР, на вас е се’ ова да проверите и да реагирате!

– Заловената женка на која и се закануваат со усмртување, не е напаѓачот – има сведоци
Кучката има една година и веќе некое време се споделува по фб во потрага по нов дом! И треба да си ептен неук, да не направиш разлика меѓу агресивен мажјак и женка која весело мавта со опашка, како и крајно несовесен да ја убиеш за да испереш раце пред народот као демек си завршил работа!

– Вистинскиот напаѓач е возрасен, прилично голем пес Ротвајлер, трениран за борби, во сопственост на локален мангуп од Аеродром, со прекар Кинез!!! Наводно, сите му се плашеле, имал врски и поддршка во МВР, борел кучиња за огромни суми… луѓето кои го посочиле, веќе добиле закани по живот!!! Практично, сега сите сме негови заложници!!

Во моментот на нападот, Ротвајлерот и’ се отпуштил од ланец на некоја девојка која го шетала…И за ова има сведоци!!! Моментално е скриен некаде, а наместо него и неговиот газда, испаштаме сите! Секое напуштање на домот е врвен стрес поради неизвесноста дали ќе се вратиме колку што сме искочиле!!!

– Отровот го знаете, знаете кај се продава, кој го продава и под кои услови. Одете им!!!

– На мрежите и на ТВ, со име и презиме ги имате сите кои повикуваа на масовно истребување…

Фаќајте се за работа, ова искача од контрола!!!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top