Излегов во дворот да ги нахранам кучињата и во тој момент девојчето истрча од куќата и почна да вришти: Брзо дедо Рајко, тато ќе ја убие мама! Вака за Блиц ја почнува својата приказна Радомир Милановиќ, станоиздавачот во белгрдаската населба Кумодраж. Тој рано наутро бил сведок на монструозното семејно насилство кога Горан Глишиќ(32) со секира ја исекол по главата својата сопруга Милена Глишиќ (27) од која се разведувал и ја повредил својата ќерка (12), која се обидувала да ја спаси мајка си.
Глишиќ околу пет часот изутрина влегол со секира во куќата во кој до пред три месеци живеел со сопругата и ќерката. Бракоразводната парница била во тек, но тој не можел да се помири со тоа.
-И рекол или ќе се смириме или ќе те убијам. Влегол додека мајката и ќерката спиеле. Дрвата кои биле наредени до куќата, Горан ги поредил едно на друго и така се качил до прозорот кој го обил со секирата и влегол во куќата.
-Тогаш почнал да лупа со секирата и ги разбудил Милена и ќерката кои спиеле една крај друга. Меѓу Горан и Милена почнала караница и тој со секирата ја исекол по главата. Несреќното девојче исто така е исечено кога се испречило меѓу нив и се обидувало да ја одбрани мајка си – раскажал Радомир покажувајќи ја собата во која се случил крвававиот настан.
Кога Горан ја испуштил секирата, ќерка му ја сокрила под кревет во другата соба, како не би ја убил мајка и. Меѓтоа Горан не застанал, туку почнал да ја дави повредената Милена.
Милена и ќерка и се превезени на Ургентниот центар и се уште нема информација за нивната состојба.
По нападот Горан избегал од местото на настанот и по него се уште се трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.