Против турската пејачка Зухал Олџај се води процес под обвинение дека за време на нејзнин концерт минатата година го навредила претседателот, Реџеп Тајип Ердоган. Денеска турски суд го прифати барањето на Јавното обвинителство за започнување на процесот.
Обвинителството од Истанбул побарало Олџај да биде осудена на казна затвор од четири години и осум месеци, бидејќи во август минатата година на концерт пеела нејзина песна со преработен текст. Таа со тоа го навредила Ердоган, а при тоа направила и срамен гест со раката.
Текстот кој што Олџај го преработила гласи „Реџеп Тајип Ердоган, се се тоа измислици и лаги, животот еден ден ќе заврши и ќе кажеш дека си сонувал“.
Таа изјави дека го променила текстот бидејќи името на претседателот се римувало во стихот и дека немала никаков друг скриен мотив, а гестот со раката бил наменет за некој од публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст