Брачни сопружници, кумски и роднински врски, блиски до СДСМ и ДУИ е се последните контроверзни унапредувања на судии низ судовите во Македонија. За да се избере судија во повисок суд, се бира судија кој е прворангиран со најголем број на бодови. Тања Милева, сопруга на Игор Милев, член на ДИК од редовите на СДСМ, која е рангирана на третото место е пример за тоа како се бирани судиите.
Ако се гледа според рангот, на местото на Милева требало да биде избран судијата Лазар Нанев, но сепак тој е прескокнат и на негово место е избрана Милева, што според Нанев е нелогична работа.
Во неговиот допис објавен во емисијата „360 степени“ тој пишува дека Судскиот совет требало некому да му се одолжи.
„Сега кога сум прворангиран важат некои други само за нив познати критериуми. Очигледно судскиот совет имал потреба некому да се оддолжи, според тефтерче или овој пат електронска или друг вид на комуникација. По доставувањето на одлуката ќе биде поведена постапка за судска заштита пред домашните судови, особено што сметам дека одлуката е донесена како резултат на криминал од омраза и нетрпеливост, а потоа и постапка пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за што веќе имам ангажирано полномошник, кој ќе ги застапува моите права и ќе ја подготви апликацијата“, пишува Нанев, судија во судот во Кавадарци.
Но случајот на Нанев не е единствен. На ваквото напредување забелешки има и судијата Бетим Јахија, кој како прворангиран за претседател на судот во Тетово не е избран и на негово место е назначен четвртиот од листата Хасан Асани.
„Не е во прашање дали јас како индивидуален кандидат сум оштетен или не. Најважно е да се потенцира дека во конкретниот случај Судскиот совет на РМ отстапува од законски пропишаните услови и критериуми за избор на претседател на суд … и притоа не ја образложува одлуката за избор врз основа на кои услови и критериуми е донесена“, вели тој за Алсат-М.
Има и други примери за ова нелогично унапредување на судии.
Зоран Герасимовски од Апелација е избран како 9-ти на ранг-листата, а на неговото унапредување, реагираше и ВМРО-ДПМНЕ, е последица на кумство со висок функционер на СДСМ. Ист е случајот и со судијата Африм Фидани, кој е избран за судија во Врховниот суд, додека неговиот брат е правобранител во Гостивар како кадар на ДУИ. Судијката Антоанета Димовска во отворено писмо до јавноста го оцени ваквото бирање на судии како најскандалозното досега.
„На 24.11.2017 година се случи уште ден скандалозен и срамен избор на судии. Дека во судството има големи проблеми е нешто што сите го знаат и секако дека нема да кажам ништо ново ако го кажам тоа. Тоа го кажаа многу домашни експери , за жал се доведовме во ситуација тоа да ни го кажат и странски експерти и за поголем жал со полна уста се најавуваа реформи во судството кои сите ние ги чекавме како жеден вода“, пишува Димовска.
Поради ваквото скандалозно бирање на судии, судијата Лазар Нанев ќе го тужи судскиот совет пред домашните судови зошто смета дека одлуката е донесена како резултат на криминал од омраза и нетрпеливост, а постапка почнал и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во време кога владата на Заев и СДСМ се фалат насекаде дека почнал реформскиот процес, меѓу кои и реформите во правосудството се случува токму спротивното, односно избор на судии кои се во блиски релации со владата на СДСМ и ДУИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст