Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат Хелсиншкиот комитет за човекови права итно да постапи и да превземе мерки за секојдневното масовно кршење на човековите права на притворените и приведените лица.
Тие во писмото испратено до Хелсиншкиот комитет за човекови права бараат истиот да се заложи и да дејствува за заштита на опозициските пратеници и остро да ги осудат злоупотребата на полицијата и обвинителство за пречекорување на нивните овластувања при притворањето на пратенциите.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно остваруваат средби со меѓународни и домашни институции и лица за прекршување на сите законски постапки и процедури околку начинот на кој што се води истрагата и начинот на кој што се спроведуваат сите предистражни постапки околу настаните на 27 април.
Пратениците денеска во Собранието на Република Македонија остварија средба со претставници на ОБСЕ, а во текот на вчерашниот ден остварија средба и со Народниот правобранител на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


