Времето застанало за заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски. Иако Заев му дал одврзани раце уште пред есен месец, за него како да поминала само една недела. Во синоќешното гостување на емисијата Топ тема на ваша страна на телевизија Телма, Чакаровски се правдаше дека целосни овластувања од Владата добил пред само една недела, и поради тоа претходно Министерството за здравство било парализирано.
Тоа е животот на СДСМ: Политички игри наместо грижа за лицата со цистична фиброза!
-Министерството беше парализирано, добив овластувања пред една недела, претходно се чувствував како англиска кралица, рече Чакаровски.
Сепак, според Централниот регистар овластувања ги добил пред речиси еден месец – на 16 ноември, кога е донесена одлука од Владата на РМ. На 17 ноември била евидентирано во Централниот регистар.
Чакаровски имал доволно време на располагање да ги спроведе административните процедури за набавка на лекови, за да не умираат пациенти оставени без терапија.
Пациент на Пулмологија со ретко заболување на белите дробови почина на 4 декември откако самиот си обезбедил лек, но не успеал да го прими.
Почина пациент со ретка болест, лекот сам си го набавил, но не успеа да го прими
Зарем период од еден месец не е доволен да се направи нарачка на веќе завршена набавка на лекови за ретки болести?
Пациентите кои боледуваат од ретки болести се оставени сами на себе. Се жалат дека веќе со месеци не добиваат терапија, иако со програмата за ретки болести на Министерството за здравство се одвојуваат средства за набавка на лекови, но од нејасни причини не ја добиваат терапијата која што е неопходна за нив. Тие посочуваа дека се соочуваат со период каде што се приморани да земаат кредити, да продаваат сѐ што имаат за да можат да си обезбедат соодветно лекување. Соговорничките на Чакаровски во Топ тема, Весна Алексовска, Маја Алексиевска Димиќ и Наташа Ангелеска од здруженијата за лица со ретки болести му укажаа дека „смртта ни е пред нос“ и дека доколку болните не ја примаат пропишаната терапија редовно, не можат да имаат нормален живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст