| четврток, 6 декември 2018 |

„Мартинките“ и „Хидрелез“ прогласени за светско културно наследство од страна на УНЕСКО

„Културните обичаи поврзани со 1 март – Мартинки“ и „Пролетната прослава Хидрелез“ се новите две културни добра од Република Македонија впишани во УНЕСКО-та Репрезентативна листа на нематеријалното културно наследство на човештвото.

Ова светско признание Република Македонија, заедно со Република Бугарија, Република Романија и Република Молдавија го доби на 12-тиот состанок на меѓувладиниот Комитет на УНЕСКО, Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото, кој се одржa од 3 до 10 декември 2017 година на островот Чеџу, Јужна Кореја.

Центарот „Хаемус“ е еден од носителите врз чии активности се базира оваа апликација. Во март 2018 ќе се наполнат пет години како „Хаемус“ организира случувања за промоција и задржување на традицијата на мартинките во Македонија.

Истовремено во април годинава „Хаемус“ го почна процесот на акредитација како советодавно тело за нематеријално културно наследство од Република Македонија во УНЕСКО.

На годинешниот состанок на меѓувладиниот комитет заедно со уште 50 организации од целиот свет „Хаемус“ се најде и на списокот на организации кои бараат акредитација за лиценца од УНЕСКО за заштита на овој вид наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top