| четврток, 6 декември 2018 |

Кривичниот совет решава за жалбите за притворот на пратениците Димовски и Василевски

Во Основниот суд Скопје 1 претпладнево се одржа седница на Кривичниот совет по жалбите за определување притвор за пратениците Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

Одлуките по жалбите се очекува да бидат објавени во текот на денот.

Димовски и Василевски беа приведени во врска со настаните во Собранието на РМ на 27 април годинава.

Василевски е во притвор во Шутка, а Димовски во куќен притвор, откако Собранието им го одзеде имунитетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top