| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Гостивар отвора канцеларија за печалбарите

Гостиварската општинска администрација ќе отвори посебна канцеларија за потребите на печалбарите.

Од Општината најавуваат дека до крајот на неделата во објектот во кој е сместена локалнaта самоуправа ќе биде отворена канцеларија која ќе функционира на принцип на шалтер со работно време од 08:00 до 20:00 часот.

– Целта на оваа канцеларија е да им се олеснат и скратат административните процедури на нашите сограѓани кои престојуваат и работат надвор од земјава. Тие што ќе се обратат, ќе добиваат помош и насоки при поднесување барања до општината, полиција, суд и слично. Канцеларијата ќе функционира до 15 јануари 2018 година и повторно ќе се отвори во летниот период кога има зголемен прилив на печалбари – велат од општина Гостивар.

Канцеларијата ќе биде сместена во Центарот за информирање при Општина Гостивар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top