| четврток, 6 декември 2018 |

Судот го отфрли барањето за проширување на тужбата против Јохан Тарчуловски

Основниот суд Скопје 2 на 19 декември ќе ја соопшти пресудата за барањето за отштета на семејството на Рами Јусуфов од Љуботен, кој загина во 2001 година.

Доколку судот одлучи дека тужителите треба да добијат отштета, средствата ќе бидат исплатени од буџетот на Министерството за внатрешни работи, бидејќи судот веќе го отфрлил барањето за проширување на тужбата против Јохан Тарчуловски.

Семејствотво на Јусуфов побарува надомест за материјална и нематеријална штета од еден милион евра повикувајќи се на пресуда на судот во Хаг, според која Јохан Тарчуловски беше осуден за воени злосторства врз цивилно население.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top