| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата за деца „Мистериозното јајце“

Утре, во вторник, на 12 декември, во книжарницата „Литература.мк“ со почетокот од 19 часот ќе се одржи промоција, дружење и потпишување на книгата за деца „Мистериозното јајце“, од авторот и илустратор Оливер Коларевски.

Оливер Коларевски е млад и неверојатно талентиран илустратор. Оваа книга за деца е целосно негово дело, вклучувајќи ја и приказната. Коларевски беше еден од победниците на конкурсот за илустратор на бајки за деца што го организираше здружението за поддршка на креативноста Ило Лауренчиќ – „Браво Сине“, во соработка со Арс Ламина. Арс Ламина потоа ја издаде македонската современа бајка за деца од Коларевски, со наслов „Мистериозното јајце’, а ја преведе и издаде и на англиски јазик.

Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, писател и уредник на литература за деца и млади во Арс Ламина публикации.

Најдобрите другарчиња Дени, Лука, Ана и Оливер пронаоѓаат едно џиновско и крајно мистериозно шарено јајце. Што ли се крие во него?
Секое од децата замислува што би можело да има во јајцето, а Оливер си мечтае дека во него има малечко розево слонче. Слонче? Па, кој слушнал слонче да излезе од јајце?
Слончињата не се раѓаат од јајца, за разлика од птиците, кокошките, диносаурусите и змејовите.
Како ли ќе се разреши оваа гооолема мистерија и што навистина се крие во јајцето?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top