| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар пепелоса куќа во Хиподром, сопственикот на печалба во Италија

Синоќа околу 03.00 часот пожар избил во куќа на улицата „Жан Жорес“ во Хиподром, Гази Баба. Според Министерството за внатрешни работи куќата е целосно опожарена.

Од таму информираат дека нема повредени лица и причинета е само материјална штета. Сопственикот на куќата, 29-годишниот Емран Рамаданов, се наоѓа на работа во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top