| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае

Рускиот претседател, Владимир Путин веќе деценија и повеќе е еден од најпопуларните светски политичари. Медиумите често пишуваат за неговиот приватен живот, барем она што се знае за него, а ова се уште неколку помалку познати факти за Путин.

– Иако е еден од најмоќните луше на светот, и многумина би очекувале денот да му започна многу рано, Путин не е ранобудник, па останува до подоцне во кревет и појадува околу пладне

– Плива барем 4-5 пати во неделата, најчесто пред да започне со работните обврски

– Тајно е крстен во православна црква во време кога религијата била забрането во Советскиот Сојуз

– Путин има црн појав во џудо, а бил универзитетски шампион во 1974 година

– Во средно училиште бил и радио водител. На своите соученици им пуштал и песни од Битлси

– Не е голем фан на интернетот и социјалните мрежи

– Путин обожува шпионски романи и телевизиски серии со таква содржина. Омилена му е  руската „17 моменти на пролетта“ во која главен лик е еден двоен руски шпион

– Кога бил член на КГБ бил испратен на тајна задача во Источна Германија. Таму во 1985 година се претставувал под лажното име – господин Адамов

– Не пуши цигари и ретко пие алкохол

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top