| четврток, 6 декември 2018 |

Кина гради град три пати поголем од Њуjорк

Кина започна да го планира развојот на нов регион наречен Сионган во северната провинција Хебеи кој како што пишува Бизнис Инсајдер, ќе биде три пати поголем од Њујорк. Овој проект беше најавен минатата сабота и истиот е замислен да го поттикне економскиот раст и да преземе некои од функциите на Пекинг како главен град. Исто така, градот се очекува да служи како дополнителен економски „мотор“ и да го унапреди координираниот развој на регионот Пекинг – Тианџин – Хебеи. Сионган ќе понуди нов начин на развој на премногу населените области, а ќе помогне да се намали сообраќајниот метеж и воздушното загадување. Гардијан јавува дека купувачите на домови во новиот град веќе редовно го посетуваат градот со цел да купат имот кој подоцна ќе можат да го продадат по повисока цена. Цените на имотите во Сионган веќе се зголемија двојно откако официјално беше најавен проектот во саботата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top